еМагазин
Image default
Македонија

МОН ја обжали судската одлука за назначување и разрешување директори во Гостивар

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека донесената пресуда од Управниот суд во со случајот на одземените ингеренции на општина Гостивар за разрешување и назнчување директори во основни и во средни училишта значи дека судот потврдува дека општината постапувала законски кога разрешувала и именувала директори на училишта, ниту пак значи дека Министерството за образование и наука не постапило правилно со носењето на одлука за одземање на ингеренциите во тој дел. МОН веќе ја обжалило пресудата во Вишиот управен суд.

Во врска со случајот со одземените ингеренции на општина Гостивар за разрешување и назначување директори во основни и средни училишта поради незаконски постапувања од страна на локалната самоуправа во неколку наврати изминатата година кои се констатирани од страна на Државниот просветен инспекторат и Државната комисија за одлучување во постапка од работен однос во втор степен, МОН информира дека до нив е пристигната пресуда од страна на Управниот суд со која се уважува жалбата на општината за донесеното решение за одземање на ингеренциите.

Ваквата пресуда, како што се посочува во соопштението, согласно содржината на дописот на Управниот суд е донесена поради тоа што од страна на МОН не е доставена целокупната документација во врска со овој случај, како и поради нечитливост на дел од доставените списи.

-Но, донесената пресуда не значи дека судот потврдува дека општината постапувала законски кога разрешувала и именувала директори на училишта, ниту пак значи дека Министерството за образование и наука не постапило правилно со носењето на одлука за одземање на ингеренциите во тој дел. Врз основа на донесената пресуда на Управниот суд, Министерството за образование и наука има две опции, едната е да донесе повторно решение за одземање на ингеренциите на општината и втората, да ја обжали пресудата до Виш управен суд.

МОН одлучи да ја искористи втората правна можност и информираме дека веќе е покрената постапка пред Вишиот управен суд, за што е доставена целокупната документација со која Државниот просветен инспекторат и Државната комисија за одлучување во постапка од работен однос во втор степен констатираат низа незаконитости во работењето на општината и врз основа на која е досега постапувано во овој случај, се наведува во соопштението.

Од Министерството изразуваат надеж дека како и пред една година, надлежниот орган повторно ќе го потврди незаконското именување и разрешување директори на училишта од страна на општина Гостивар преку носење на одлуки врз база на политика и политичка припадност на кадровските решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот суд му ги врати ингеренциите на Таравари, за разрешување и назначување директори во основни и средни училишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Дебар како на филм: Поради превенција од корона вирусот дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Редакција

Македонија до Русија за донацијата на тенковите: Од почеток сме на страната на Украина и ја осудивме руската интервенција

Редакција

49 прекршувања на полицискиот час, 260 казни за неносење маска

Редакција