Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на укринскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар, кој се товари за проневери.
Нормално е, додаде, како Влада да побараме и други испитувања за да видиме дали постојат и некакви други информации кои што треба да бидат замени во предвид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.