еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицијата пронајде 1.000 монети со археолошка вредност кај поранешниот градоначалник на Кавадарци, тој вели ги собирал од дете

Полицајци од  Велес и Кавадарци извршиле увид кај поранешниот градоначалник на Кавадарци Александар Панов, но и во домот на неговите родители при што, при претресот пронашле повеќе од 1.000 монети со археолошка вредност, од  различни локалитети во Македонија.

– Се работи  за модерна нумизматика и пријавата најверојатно е злонамерна и со тенденција да ми се наштети. Нема стари момента во мојата збирка. Ги собирам од дете, сигурно 40 години. Неколку папки од новите монети се одземени и во полициска станица Кавадарци на вештачење. Коректни беа полицајците. Пријавата е, најверојатно, лична работа, а не политичка, изјави Панов за МИА.

Тој откри дека заедно со полицајците бил во кавадаречката полиција каде што се задржал околу два часа и дал исказ, но не бил приведен и уапсен како што се шпекулира во јавноста.

МИА/Фото: Фејсбук/Панов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто ги славиме големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј

Редакција

Кој друг освен Васко Ковачевски и Васко Стефанов е осомничен за криминалот тежок 6,5 милиони евра

Редакција

Што следи: Јавните дебати завршија, уставните измени влегуваат во финална фаза

Редакција