еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупционерите бараат одговорност од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски бидејќи со години си земал две плати

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека било утврдено оти ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Метдиј“, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за Дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ. По изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на Дигестивна хирургија, а согласно законот требало.

Преточено во овој случај, како што рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, 70 отсто од времето тој може да го користи како ректор, а 30 отсто може да го комбинира како професор и како хирург.

Од ДКСК предлагаат од директорот на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов да се побара кривична одговорност за злоупотреба на службената положба. Ќе има и кривична одговорност за ректорот, кој требало да го достави барањето до Клиничкиот центар, тоа не го направил и се стекнал со материјална корист. ДКСК предлагаат да се испита и кај другите универзитети дали е слична состојбата.

„ДКСК предлага Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје да донесе решение за ставање во мирување на работниот однос на Никола Јанкуловски, да се усогласат договорите меѓу Сенатот и ректорот во согласност со Законот за високо образование, да се утврдуваат критериумите за одредување на висината на платата на ректорот, тоа што досега не е средено со закон како работен однос на ректорот“, рече на денешната седница членот на ДКСК Шемши Салаи.

ДКСК по сопствена иницијатива ќе ги проверува вработувањата во Прилепската болница за време на изборите. Ќе се разгледува само дали има вработувања или нема и како се направени.

Ивановска информира за предмет поднесен од доктор стоматолог од ЈЗУ Гостивар кој се жали на директорот на оваа установа, бидејќи не распишал конкурс за специјализации.

„Со програмата што ја прави Владата за потребите на специјалистички и субспецијалистички кадри согласно мрежата на здравствени установи 2015-2018 овој Здравствен дом од Гостивар е опфатена и тоа со две места, за детска и за превентивна стоматологија. Меѓутоа не знам од кои причини директорот кажал дека нема да објави таков оглас. Пријавувачот се обратил до повеќе институции и инспекции и до УО на ЈЗУ кои известуваат дека не е извршено објавување на овој конкурс поради тоа што не постоеле финасиски средства“, рече Ивановска.

Во Законот за здрвствена заштита, како што рече, стои  дека Програмата ја објавува Владата, а јавната здравствена организација мора да обезбеди финансиски средства. Таа предложи да упатат иницијатива до министерот за здравство да ја преиспита одговорноста на директорот на ЈЗУ Гостивар.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска комисија отворила предмет за братот на вице-премиерот Кочо Анѓушев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза

Редакција

Јанева во Кривичниот суд, се одлучува дали ќе оди во притвор

Редакција

Таравари разрешен, Села неговото “крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција