Тринаесетгодишно девојче вчера починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнево околу 16:00 часот.
Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.
Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.