еМагазин
Image default
Локално

Скопската Зоолошка градина ќе добие фламинга и пингвини

Во ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ почна изградбата на живеалиште за фламинга и пингвини. Како што соопшти скопската зоолошка, ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет.

Финансиите за изградбата на живеалиштето ги обезбеди Град Скопје.

Зоо Скопје за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди, се наведува во соопштението.

Фото: ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општинската администрација во Куманово ќе волонтора и ќе дистрибуира кислородни боци за ковид-пациенти во болницата

Редакција

(Видео+фото) Невремето во Скопје оштети повеќе автомобили

Редакција

Бугарин приведен во Скопје, се обидел да поткупи полицајци за да не му пишат казна

Редакција