Дарко Циревски (20) од Ресен во 2017 година доживеал несреќа при скок во вода и го повредил петтиот вратен пршлен, при што настанала повреда на ‘рбетниот мозок.
„Дијагностицирана ми е quadriplegia (одземеност на раце и нозе). По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба.
По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во поликлинка „Главиц“, Хрватска каде нивниот третман од три месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок.
Ви благодарам од срце“, вели Циревски во неговиот пост на Фејсбук.
Броеви за донации:
Телеком: 070-143-144
Вип: 143-470
Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка.
За донации од странство :
IBAN Code: MK07210501677982873,
Bank name: NLB banka AD SKOPJE
Bank address: Majka Tereza br. 1
Country: MAKEDONIJA
SWIFT: TUTNMK22
фото: Фејсбук/Циревски