еМагазин
Image default
Да помогнеме

Една недела се трага по 27 годишниот Ислам Лумани од селото Крани

Веќе една недела жителите од Преспанскиот регион и полицијата трагаат по 27 годишниот Ислам Лумани од селото Крани, кој исчезнал на 21 март и оттогаш нема никакви информации за него.

Покрај семејството на Лумани, апел за помош побара и градоначалникот Живко Гошаревски, кој побара секој што го видел и препознал да пријави во полиција.

– Полициските служби од полициската станица – Ресен, специјални полициски единици, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникарните, ренџерските служби и локалното население активно учествуваат во потрагата на Ислам Лумани од село Крани.

Се до овој момент, нема големи индиции и докази дека лицето се наоѓа во водите на Преспанското Езеро или неговото крајбрежје.

Истрагата продолжува понатаму, а секој оној што го видел или некаде го препознал Ислам Лумани, да пријави во најблиската полициска станица или на бројот 192, посочи Гошаревски

Лумани, како што соопшти семејството, домот го напуштил на 21 март во 10 часот наутро, бил обчелен во сини пантолони, црно палто и црни чевли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АПЕЛ: Ислам Лумани од Ресен веќе неколку дена е исчезнат, најблиските бараат помош

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средствата за лекување на младиот Никола не се собрани, првиот третман во Турција ќе го има на 24 април

Редакција

15-годишната Ива има канцер на коските, потребни се средства за лекување

Редакција

На штитеници кои од домот „Ранка Милановиќ“ преминуваат во мали групни домови им треба облека

Редакција