еМагазин
Image default
Да помогнеме

„Една може“ ги повикува сите компании да донираат прехранбени и хигиенски производи за самохраните мајки

Организацијата „Една може“ ги повикува сите компании да донираат прехранбени, хигиенски, дезифициенски и разноврсни добра за самохраните мајки, повеќекратно дискриминирани жени и девојки и жртви на насилство.

Од таму велат дека прават заложби во насока на солидарност, емпатија, споделување, како што е и самиот слоган на иницијативата.

„Пандемијата влијае на сите сегменти на живеењето и мора да знаеме дека здравствената криза која ја предизвикува, истовремено се рефлектира и како економска и социјална криза и длабоко влијае врз животите токму на најмаргинализираните иднивидуи и заедници.

Овие активности се иницирани низ согледување на мноштвото дојави и барања за поддршка од страна на целната група. Помеѓу барањата за поддршка, најбројни беа оние на мајки со деца кои само од нив зависат, а биле дел од неформалниот пазар на труд и/или останале без вработување или извори на финансирање поради новонастанатата пандемична состојба предизвикана од Ковид-19, јавува работниот тим на „Една може“,“ вели Дороти Пачкова, родова експертка и предводничка на „Една може“.

Иницијативата „Заедно во се! – Солидарност, емпатија, споделување“ има свои хаштази на кои ќе ги обедини сите компании кои ќе донираат, ќе им издаде признаници за учество во благороднава мисија и прибраните донирани добра ќе ги насочи кон најранливите семејства, а сите активности може да се следат јавно на нивната ФБ страница: www.facebook.com/onecanednamozhe.

„Колку повеќе ќе соберат, толку повеќе трпези ќе наполнат и толку повеќе жени и деца ќе имаат пристап кон дезифициенси, хигиенски средства и ќе можат да се самозаштитат, а од “Една може“ донаторските пакети ќе им ги доставуваат до праговите на нивните домови.

Затоа, ова е повик кон сите, да донираат преку воспоставување на контакт: [email protected] или на мобилен во работно време: 071/936497, на двата ад хок пункта на “Една може“ – или во Карпош 1 или во Аеродром,“ велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел за помош: Потребни се уште 15.000 долари за операција на двегодишната Мила

Редакција

Потребни се средства за млад велешанец кој се бори со рак и следуваат низа операции

Редакција

Хуманитарна аукција на слики во организација на НВО Акација

Редакција