На 22.08.2019 во 17,30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во РСМ, при вршење на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка “А” (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка .
Истиот ден во 21,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен аеродром-Скопје“, на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка “Aпси“. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Фото: ТАВ Македонија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.