еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден скопски моторџија во судар со „Фолксваген Туран“

На 22.08.2019 годинa во 13,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С.(36) од с.Идризово и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.Ѓ.(37) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се прави нова обдукција на телото на 26-годишно момче кое беше најдено мртво кај Ново Село

Редакција

Скопјанец нападнал вработен во угостителски објект по расправија за носење маска

Редакција

Маж од Свети Николе плаќал во маркет со фалсификувани банкноти

Редакција