На 26.08.2019 околу 15.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека И.Б.(53) од с.Врбјани, додека изведувал градежни работи, паднал од импровизирано скеле, при што се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.
Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.