На 03.09.2019 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.П.(66) од Кочани пријавил дека околу 11.00 часот на ул.„Димитрија Лазаров“ во Кочани бил измамен од едно лице, информира МВР.
Според пријавеното, лицето му ветило дека за сума од 15.000 денари ќе му донесе шест метри кубни огревни дрва, доколку веднаш му плати 7.500 денари, а другите подоцна. Д.М. му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.