еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали: Со мотоцикл „БМВ“ удрил во четири пешаци на „Илинденска“

На 04.09.2019 во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје.

Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Застрашувачка сцена во Кочани: Маж се полеа со бензин и се самозапали

Редакција

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30. ноември со полно работно време

Редакција

Почина притвореник кој бил хоспитализиран на комплексот клиники „Мајка Тереза“

Редакција