еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шест поранешни пациенти на Штипска ортопедија заболени од Хепатит Ц

Откриен е Хепатит Ц кај шест поранешни пациенти на Одделението за ортопедија во штипската Клиничка болница. Првите двајца пациенти се откриени во јули, кога се јавиле на Инфективното одделение и таму лекарите ги поврзале дека пациентите биле претходно третирани на Ортопедија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев и началникот на Инфективното одделение, Дијана Шишкова на денешната прес-конференција посочија дека нема сигурни докази оти пациентите вирусот го добиле за време на престојот на Ортопедија.

-Се работи за хеторогена група, каде што има оперирани и неопреирани пациенти. После првата дојава на тие случаеви задолжена е Комисијата за интерхоспитални инфекции да изврши увид и да препорача мерки што ние како болница треба да ги направиме. Можам да кажам дека Клиничка болница-Штип во минатото, сега и во иднина ќе работи согласно протоколите и процедурите, рече Георгијев.

Началничката Шишкова прецизира дека станува збор за повозрасна група на пациенти, од кои едни биле, а друг дел и воопшто не биле оперирани и имале различен болнички третман. Пациентите се од различни градови од источниот регион.

-Даден е сигнал дека имаме неколку позитивни случаи, меѓутоа се уште не можеме баш конкретно да ја утврдиме поврзаноста со претстојот на Оддеелението за ортопедија поради тоа што самото заболување може да тече како акутно и хронично заболување и се уште не може да се направи некој склоп или објаснување на поврзаноста со болница, рече Шишкова.

Таа потенцира дека се преземени сите мерки за стерилизација и дезинфекција, односно како што рече, комплетно генерално чистење на Одделението за ортопедија, како и дезинфекција на сите простории и на целокупната апартура. Медицинскиот пероснал е тестиран и кај ниту еден не е откриен овој вирус.

-Овој вирус се пренусва преку шприцеви, кај интервенските нарокмани, потоа од мајка на дете, но и преку крвта. Болеста е опасна, но има еден актуен клинички тек што оди со комплетно оздравување. Хроничните типови на Хепатит Ц се лекуваат со сигурна и ефикасна терапија, рече Шишкова и додаде дека симптомите се исти како и кај остантите видови на Хепатит, односно малаксаност, губење на апетит и жолтило.

По овој случај, прецизира, на сите пациенти што се хоспитализираат во болницата по 1 септември им се прават тестови за хепатит Б,Ц и за ХИВ вирусната инфекција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За апсурдните барања на Бугарија се јавија и македонските интелектуалци

Редакција

(Видео) Почна судењето против Латас и Лазаров, но рочиштето се одложи за 10 мај

Редакција

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 10 март

Редакција