Дојче веле пишува дека во моментов реален проблем со кој се соочуваат обвинителите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е тоа што нивниот раководител Катица Јанева е разрешен, па нема кој да ги одјави од институцијата, за да можат да бидат пријавени на работните места каде што сега се вратиле.
Од Јавнто обвинителство стигнала одлука со која обвинителите во СЈО се враќаат на претходните работни места, но без потпис од Јанева тие формално не можат да бидат одјавени од СЈО.
Овој проблем го немаат истражителите кои досега платата ја примале од МВР, УЈП или Финансиската полиција каде што биле вработени, а од СЈО добивале само надоместоци.
Најголемиот проблем го имаат другите вработени во СЈО – стручни соработници, советници, ИТ експерти, записничари, архивари, доставувач, хаусмајстор и други, чии договори за работа не се истечени, пишува Дојче веле на македонски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвнителите во СЈО имале „црн фонд“, Јанева барала пари од него за да се брани за „Рекет“