еМагазин
Image default
Локално

Филм во Тетово: Полицајци пукале откако два пати пробал да ги прегази со џип

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Доброште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, информира МВР“.

На 16.05.2019 околу 19.00 часот на пат од с.Доброште кон Тетово, полициски службеници при вршење на службени дејствија дале знак за запирање на патничко возило „УАЗ“, управувано од А.А., при што тој не застанал и со возилото во два наврата се упатил кон полициските службеници.

Тие успеале да го избегнат ударот, а во знак на предупредување испукале куршум во воздух, по што А.А., според пријавеното, го напуштил местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец без маска со пиштол сакал да убеди работник на бензинска да му наточи гориво

Редакција

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција

Исчистени големите одрони на регионалниот пат Делчево – М.Каменица, патот е прооден

Редакција