еМагазин
Image default
Локално

Исчистени големите одрони на регионалниот пат Делчево – М.Каменица, патот е прооден

Исчистени се големите одрони на регионалниот пат Делчево – М.Каменица.

Од „Македонија пат” информираат дека големите одрони на магистралата А3 пред раскрсницата за село Бигла, се исчистени пред половина час и сообраќајот се одвива непречено.

-Наши екипи се на терен за проверка и расчистување на останатиот дел од магистралата каде има поголеми одрони, истакнаа од претпријатието.

Поради обилниот дожд оттаму апелираат на внимателно возење на патот Делчево – М.Каменица – Кочани, бидејки опасноста од појавата од нови одрони долж споменатиот патен правец и понатаму постои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дождот предизвика проблеми: Големи одрони блокираат дел од регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани

Фото: АМСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случаен минувач пронашол рачна бомба од Втората светска војна на брегот на Дебарско Езеро

Редакција

(Фото) Кој му ја искрши опашката на „Бикот“ на улица Македонија

Редакција

Тетовски автобус се запали во близина на Дубровник, нема повредени

Редакција