еМагазин
Image default
Локално

Тетовски автобус се запали во близина на Дубровник, нема повредени

Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник, изјави за МИА Хафет Арифи, вработен од компанијата „Хафет турс“.

Со автобусот на превозникот „Хафет турс“ од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.

Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.

– Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж, тврдат од компанијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица под истрага за насилството во Шуто Оризари: Еден од нападнатите полицајци со повреди опасни по животот

Редакција

Малолетник одел во шопинг со фалсификувани евра

Редакција

Драма во Агенцијата за аудио и аудивизуелни услуги: Колега и се заканувал со нож

Редакција