еМагазин
Image default
Македонија

Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со  Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија за Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените, јави Дојче Веле. Одлуката била донесена вчера на состанок на коалициските партнери во германската Влада.

ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

Пратеничката на СПД, Незахат Барадари, која е и член на парламентарната комисија за ЕУ ја потврди информацијата и најавува дека конечното зелено светло ќе биде дадено на седницата на Бундестагот в четврток.

-Тоа што коалициските партии го ослободија патот за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е важен сигнал за европската интеграција на целиот регион, вели Барадари.

За отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата на самитот закажан за 15 и 16 октомври.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО денеска ќе го достави предлогот до Кривичен за куќен притвор на Мијалков

Редакција

„Фрчат“ кривични за граѓани низ цела Македонија кои не се самоизолираат

Редакција

Иванов доби канцеларија во Џевахир „Скај сити“ со годишен буџет од 105.000 евра

Редакција