еМагазин
Image default
Локално

Го нападнал по расправија за погрешно паркирање и му го скршил ретровизорот од БМВ-то

На 24.09.2019 во СВР Тетово, М.С.(33) од Гостивар пријавил дека околу 15.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, по претходна вербална расправија околу погрешно паркирање, физички бил нападнат од Б.Т.(54) од Гостивар, информира МВР.

Според пријавеното, Б.Т. му го оштетил и предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓало неговото малолетно дете. Исто така, според пријавеното, во нападот се вклучило уште едно лице од угостителски објект во непосредна близина.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанка пријавила измама од неготинка

Редакција

Двајца турски државјани со пасоши барани од Интерпол приведени на ГП Богородица

Редакција

Трагедија во Велес: Починал палејќи сува трева

Редакција