Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на берзата на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје поради необјавување на целосните материјали за Собранието на акционери во рок од два дена од денот на свикувањето на седницата, на Агроплод АД Ресен, заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување и на Ветекст АД Велес поради необјавување на дивиденден календар при донесување на одлука за исплата на дивиденда.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.