Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје во организација на ПИНА, ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во Кино Култура.
Водечка тема годинава на IFFS Investigative Film Festival Skopje е Going Digital.
Фестивалската тема е посветена на влијанието на дигиталните технологии, социјалните медиуми и новите трендови во онлајн светот врз медиумите, новинарството и јавноста.
Фестивалот ќе биде отворен со The Great Hack.
Целата програма на фестивалот ќе биде објавена во следните денови на www.iffs.mk.
Повторно ќе има бројни интересни гости, дебати, филмови и иновативни идеи и работилници, најавуваат организаторите.
Следете на: www.pina.mk
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.