еМагазин
Image default
Локално

Четиригодишно дете и двајца возрасни повредени откако со возило удриле во коњ

На 30.09.2019 во 19.30 часот било пријавено дека на место викано „Студена чешма“, атар на с.Ветрен, делчевско, З.П.(38) од Делчево, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со бугарски национални ознаки, удрил во коњ кој се движел по коловозот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(31) и четиригодишно дете сопатник. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ловџија се самозастрелал во раката

Редакција

(Фото) Градоначалниците од Источниот регион на ноќно скијање на Пониква за промоција на туристичката понуда

Редакција

(Видео) Новогодишна магија во Охрид

Редакција