Миленикот на модниот свет, Hey Reilly, користејќи го Samsung Galaxy Note 10+ им даде нов изглед на некои од најпознатите класици во уметноста. Легендарните дела на Ван Гог, Ботичели и Да Винчи повторно оживеаја во 21. век, станувајќи дел од дигиталната колекција во целост прилагодена за Instagram генерацијата.
Дигиталните ремек-дела опфаќаат: „Селфи портрет“, „Дама со мопс-жаба“, „Мистериозната насмевка“, „Девојката со црвениот нос“ и „Венера од Насмевката“ , кои се достапни овде за преземање: www.penup.com.
Reilly, кој работи на моден дизајн и илустрации, е еден од најистакнатите дигитални уметници на денешницата и е препознатлив по спојувањето на модата со ликовната уметност, а неговите дела се наоѓаат во кампањите на врвни брендови, како што се Moncler, Calvin Klein, Nike и Vogue Italia.
Користејќи ги своите профили на социјалните мрежи како изложбен простор, Reilly има за цел да ги доближи овие слики до генералната публика, како и да ги инспирира неговите следбеници да го преиспитаат поимот за уметност и начинот на којшто таа денес се создава, споделува и консумира.
Во прилог на тоа говори и фактот што хаштагот #art на Instagram, само во 2019. година, е искористен повеќе од 334 милиони пати (metricool.com).
„Мојот Instagram профил е како галерија каде ги споделувам моите дела, а Note10+ конечно ме ослободи од мониторот и маусот, така успевам целиот процес да го подигнам на повисоко ниво. Хуморот е составен дел од мојата уметност и доколку оваа колекција го натера некој да застане и да се насмее, јас ќе бидам многу среќен човек“, истакна Hey Railley.
За време на целиот креативен процес користен е Samsung Galaxy Note 10+, а Reilly во таа прилика ги тестираше и – S Pen пенкалото, мултифокалната камера, функцијата за AR Doodle, професионалниот софтвер за уредување на видео содржини, батеријата која брзо се полни и 1TB интерната меморија.
„Galaxy Note е омилен меѓу корисниците затоа што ги спојува моќта на продуктивноста со уникатните функции создадени за да ја поттикнат креативноста и иновативноста“, рече Милан Вујовиќ, директорот на одделението за адвертајзинг и корпоративна комуникација во компанијата Samsung Electronics.
Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата ги поставува стандардите во областа на телевизорите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системите, меморијата и ЛЕД технологијата.
За дополнителни информации и новости посетете ја news.samsung.com.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА