еМагазин
Image default
Македонија

Поради висок притисок и анксиозност Јанева на преглед во „Жан Митрев“

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска од истражниот затвор ќе биде однесена во клиниката „Жан Митрев“ каде ќе и биде извршен интернистичко кардиолошки преглед, потврди за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Здравствената состојба на Јанева, според нејзините адвокати, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.

Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но судот го одби ова нивно барање.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева задржана во „Жан Митрев“, се сомневаат на прединфарктна состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за одбрана на Косово доби признание „почесен граѓанин“ од Општина Гостивар

Редакција

МВР и денеска ќе издава лични карти

Редакција

Што предвидува новиот Закон за јавно обвинителство: Посебно одделение за истраги на лица со полициски овластувања

Редакција