еМагазин
Image default
Локално

Пронајден затвореникот кој и побегна на затворската полиција кога го враќала од Клинички

Полицијата го пронајде затвореникот кој денеска успеа да им побегне на затворските полицајци кои го транспортирале на преглед, потврди МВР.

Тој е пронајден околу 17:30 часот во близина на село Пресница, општина Липково.

Директорот на затворот Боби Мојсовски соопшти дека тој успеал да побегне од задната врата на возилото со кое затворската полиција го враќала од Клиничкиот центар, каде бил упатен на преглед, кога затворските полицајци застанале да купат сендвичи од бензинската на Макпетрол кај училиштето „Михајло Пупин“.

Полицајците, според директорот, ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што не бил врзан затвореникот и трето, како што вели, најверојатно му купувале и нему сендвич.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сузбиена група од Косово што крадела од банкомати

Редакција

Пожар на планината Јабланица

Редакција

Громот удри во езерото на неколку метри од брегот, немаше невреме или дожд, велат од плажа „Оревче“

Редакција