еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски за „Die Presse“: Дури го сменивме и името, ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за австрискиот весник „Die Presse“ апелираше до ЕУ да и се даде шанса на државата, бидејќи како што вели, испорачавме се што требаше.

„Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекувамени повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени“, вели Пенадровски во интервјуто.

Тој смета дека доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет.

„Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?“, вели Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од корона вирусот заболени повеќе женски отколку машки лица: Најголем број над 60 години

Редакција

Родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба, бебето исто така е добро

Редакција

Шест новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Редакција