еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да ги нахраниме гладните: Црвен Крст ќе собира донации на храна пред хотел „Мериот“

Црвен крст на Македонија, Црвен крст на град Скопје и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања „Помислете и на нас“, која ќе се спроведат во рамките на Неделата за борба против гладта од 16 до 22 Октомври 2019 година.

„Преку кампањата ќе влијаеме на покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата како и на изнаоѓање на фондови за помош на ранливите лица. Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата наменети се за обезбедување на храна за помош на лица во социјален ризик.

Пред х. Мериот на 16.10 од 10:00 до 15:00 ќе биде поставен штанд на Црвен крст на град Скопје  каде хуманите граѓани , општествено одговорни компании ќе можат да оставаат донации на храна“, велат од Црвен Крст.

Светскиот ден на храната 16 октомври е ден на акција посветен на справување со гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Фокусот на денот е дека храната е основно човеково право.

Организацијата за храна и агрикултура при Обединетите нации проценува дека во светот 820 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост.

Во нашата земја, според официјални податоци на Државниот завод за статистика, стапката на сиромашни лица изнесува 22,2 проценти,  стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марко Пејчиновски повикува: Бидете дел од тимбилдингот „Лица со ретки болести“ на Охрид трчаТ

Редакција

И требаме на малата Елеонора: Потребни се 21 илијади евра за да има нормален живот

Редакција

Да ѝ помогнеме на 42-годишната Мирјана, потребно е да се оперира од карцином

Редакција