Делегација од СУГС „Лазар Танев“, предводена од директорката Слаѓана Трпковска Салтирова се сретна со претставници од Министерството за образование на Турција во Бурса, по повод проектот за соработка и збратимување на училиштата „Лазар Танев“ и училиштето во Бурса, „Seht Eroi Olcok Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi“.
„Бев гостин на средното угостителско училиште во една од најголемите општини во Бурса, Османгази во која учат 520 ученици и работат 40 наставници. Целта беше збратимување на училиштата, при што ја договоривме нашата соработка, која се надевам дека ќе вроди плод за сегашните и понатамошните генерации ученици.
Договоривме повторна средба кон крајот на ноември за да ја финализираме соработката. Учениците во иднина би можеле да извршуваат феријална пракса во Турција. Исто така имавме средби и со градоначалникот Сабахатин Ѓулгер од чија што страна бевме пречекани на највисоко ниво.
Се надевам ќе ги доближиме нашите со нивните училишта и ќе добиеме позитивни резулатати од сработката, со што би се подифнал и степенот на образовни кадри во нашето училиште“, изјави за „еМагазин“ директорката на училиштето СУГС „Лазар Танев“, Слаѓана Трпковска Салтирова.