еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македонско кредитно биро ќе учествува на „Глобалната недела на пари“ (GMW)

Македонско кредитно биро учествува на настанот „Глобална недела на пари“, заедно со над 63.000 организации од 174 држави во светот, почнувајќи од денес, 22 март, па сè до крајот на неделата, 28 март, на тема “Take care of yourself, take care of your money (Грижи се за себе, грижи се за своите пари)”.

ГНП е годишна глобална кампања за финансиска едукација на младите луѓе, почнувајќи од најраната возраст, сè со цел да ги поттикне и едуцира младите да станат финансиски свесни, да стекнат знаења, вештини, ставови и однесувања неопходни за донесување на здрави финансиски одлуки.

Годинешното издание на настанот „Глобална недела на пари“, кое е осмо по ред, за прв пат се одржува во организација на ИНФЕ-ОЕЦД, додека пак координатор на настанот, како и секоја година, е Народна банка на Република Северна Македонија.

Изминатата година настанот беше откажан поради новонастанатата ситуација со пандемијата во која се најде целиот свет.

Периодот во кој ќе се одржи настанот за ГНП, Македонско кредитно биро организира низа настани и тоа:

Ќе се организираат онјалн едукативни сесии на темата „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“ за учениците од средното-економско училиште „Васил Антевски-Дрен”. Истите сесии ќе се одржат преку Microsoft Teams платформата, а воедно ќе бидат и снимени, со тоа што дополнително снимките ќе се постават на YouTube каналот на МКБ и ќе се споделат на социјалните мрежи каде што ќе имате можност да ги проследите.

Ќе се организира Facebook Life настан на кој ќе биде поканета целата FB и Instagram публика да земе учество во дискусијата и да постави прашања на истата тема. Настанот ќе се снима и ќе биде поставен на YouTube каналот на МКБ, кој ќе  биде споделен на социјалните мрежи.

Во текот на оваа недела, во духот на темата „ Грижи се за себе, грижи се за своите пари“, МКБ ќе им овозможи на младите да осознаат која е улогата на оваа институција, како да ги користат услугите и придобивките од нивното користење. Како граѓани и идни менаџери ќе осознаат како да управуваат со сопствените финансиски обврски, а притоа да не го оптеретат сопствениот буџет.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“: Волшебно место за децата и возрасните

Редакција

(ВИДЕО) Нуркачите од „Акватек“ снимија живеалишта на загрозени ракови со јајца на дното на Охридското Езеро

Редакција

(Галерија) Литургија на врвот Голем Крчин (2.341мнв), во организација на Бигорската Обител по осми пат

Редакција