еМагазин
Image default
Македонија

Завршни зборови на Обвинителство за „Трезор“

Со завршни зборови на Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Трезор“, кој се однесува за злоупотреба на средства од Буџетот на државата во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

За набавката на опремата Обвинителството тврди дека наместо МВР да ја прави директно со фирмата од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го презема предметот од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Завршните зборови на одбраната се закажани за 29 март 2021 година.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник – министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациентка се заканувала на вработени во штипската Клиничка болница

Редакција

Села: Заев треба да го истера мандатот до крај или да распише предвремени избори

Редакција

Од Националната агенција ја демантираат директорката од Битола за патувањето во Софија: Училиштето нема добиено грант од „Еразмус“

Редакција