еМагазин
Image default
Македонија

Пациентка се заканувала на вработени во штипската Клиничка болница

Штипјанка агресивно се однесувала и упатувала закани кон вработени во Клиничката болница во Штип. Инцидентот бил вчера пријавен, по што полицијата од слобода ја лишиле 46 – годишната С.Р од Штип.

Надлежните од СВР Штип велат дека по комплетирање на случајот против С.Р ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА го потврдува инцидентот и вели дека се случил на одделот за рендген.

Што се однесува за соостојбата со Ковид центарот, таа е нормализирана. Во моментов имаат 27 слободни кревети, на Инфективното одделение се лекуваат 32, а на одделот за Анестезиологија тројва потешки пациенти.

На кислородна поддршка имаат вкупно 25 пациенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Протест на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско трошење на европските пари за образование

Редакција

Почесниот конзул на Малта во Македонија, Анѓушев го честита Денот на републиката

Редакција

Помпео воодушевен од Охридското езеро: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат

Редакција