еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед: Кои граѓани добија субвенции за вградување ПВЦ или алуминиумски прозорци?

Министерството за економија објави список на граѓани кои добиле субвенции до 25.000 денари за вградување ПВЦ или алуминиумски прозорци.

Оттаму сооспштија дека Владата ја изменила програмата за поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година со што се одобрени дополнителни средства во износ од 14.700.000,00 денари за субвенции за ПВЦ и алуминиумски прозорци.

„Согласно претходното, Министерството за економија објави делумни листи на лица кои го остваруваат правото на надомест, а согласно одобрените дополнителни средства, задолжените комисии ќе продолжат со  разгледување на пристигнатите барања заклучно со  30.06.2019 година по принципот “прв дојден прв услужен“, се до искористување на предвидените средства за оваа намена“, соопшти Министерството.

Листата на досегашни добитници на субвенции ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за данок за солидарност денеска на собраниска седница

Редакција

Кавадаречката Стил-М АБЦ отвара нова фабрика во Градско, инвестиција од 10 милиони евра

Редакција

Лидија Трајковиќ поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Редакција