еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор.

Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на самитот, Франција засега не покажува знаци на флексибилност, но претседателот Доналд Туск е решен да се обиде да постигне компромис. Сепак, предупредува овој извор, ризикот да не се дојде до договор е реален и не треба да се потценува.

Доналд Туск бил во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон кој му кажал дека нема промена на неговиот став, порачуваат во ЕУ. Франција исто така не сакала воопшто да се разговара за проширувањето на самитот, но Туск смета дека темата мора да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Балканот и пошироко.

– Да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија би била грешка и прашањето не е што мисли Европската Комисија или што мислат земјите членки, туку прашањето е да се постигне консензус. Дипломатите стравуваат дека може на самитот да се повторат гневните дебати на оваа тема што ги видовме на министерско ниво, вели висок дипломатски извор на брифинг со новинарите утрово.

Од Брисел истакнуваат и дека ако се дојде до компромис почетокот на преговорите нема да се случи пред 2020-та година.

Што се однесува до Франција, нејзиниот став, според овие извори, е дека е потребна реформа на методологијата на преговорите за членство, но дипломатите потврдуваат дека Париз дури сега го става на маса овој предлог, а не кога започнаа дебатите во јуни минатата година.

Сепак, се чини дека има доста широк консензус кај другите земји дека е прифатливо да се размислува за промена на методологијата, но и дека тоа не треба да ги држи во заложништво земјите кандидати.

Од Доналд Туск се очекува на маса да ги стави и Скопје и Тирана. Според него, тоа е најдоброто решение, но, иако не е кажано експлицитно, раздвојувањето на земјите може повторно да биде предложено вечерва и од Туск.

– Се согласувам дека Северна Македонија направи неверојатни работи со промената на името, одговара дипломатот на прашањето за можно раздвојување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кај треба да потпишеме дека Гоце Делчев е Французин“: Твитер за датумот, Макрон и ЕУ

Можен ли е пресврт во 5 до 12 за Македонија на ЕУ самитот: Германците знаат да играат до последната секунда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обврски не се преземени, во Софија се разговараше за идеи како да се надминат разликите, вели Османи

Редакција

Вархеји наскоро во Софија, Македонија меѓу темите на разговор со Петков

Редакција

Анализа: Проширувањето е повторно на агендата на ЕУ, бугарското вето е екстремно иритирачко, штетно и многу неевропско

Редакција