еМагазин
Техно

A1 Македонија повторно со најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава

Телекомуникациската компанија А1 Македонија повторно има најдобри измерени вредности при мерењата на квалитетот на мобилните мрежи на територијата на целата држава, спроведени од страна на независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), информираат од компанијата.

Независните мерења од страна на Секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции во рамките на АЕК, спроведени од 12 октомври 2021 година до 3 мај 2022 година, покажаa дека мобилната мрежа на А1 Македонија има најдобри резултати на територијата на целата држава за пренос на податочни услуги, односно за преземање на содржини, како и најдобри резултати за параметрите за квалитет на говор.

Националниот извештај за измерените вредности презентиран на Меѓународната регулаторна конференција одржана на 17 и 18 мај во Охрид, покажува дека за преземање фајл со големина од 10 GB во градски средини, А1 Македонија обезбедува најголема просечна брзина на пренос на податоци од  87.8 Mbps, како и најголема просечна брзина на пренос на податоци на патишта од 69.5 Mbps.

Покрај најголемите просечни брзини, А1 ја има и максималната измерена брзина на мерната кампања на АЕК која изнесува 486 Mbps. Покрај брзините, резултатите од мерењето на АЕК покажуваат дека А1 Македонија има и најквалитетна говорна услуга на територијата на целата држава и најниска стапка на неуспешни повици.

„Најновите резултати од мерењето на АЕК за квалитет на мрежи, се уште една потврда за нашата посветеност во обезбедувањето премиум перформанс на мрежата на А1 Македонија и зацврстување на позицијата на оператор со најбрз мобилен интернет, позиција која досега беше потврдена од АЕК и во 2021 година, како и од страна на Speedtest® на Ookla® на почетокот на 2022 година.

Продолжуваме со интензивни вложувања за модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на 5G технологија што значи нова базна инфраструктура, уште побрз проток на информации и зацврстување на позицијата – оператор со најбрз мобилен интернет, што ќе придонесе во обезбедување премиум корисничко искуство”, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Мерењата се спроведени на територијата на целата земја и беа опфатени сите поголеми населени места и главни сообраќајници со користење софистицирана опрема инсталирана во специјално мерно возило за симулација на корисничко искуство, односно со комбинација од хардверско/софтверско решение за генерирање, анализа и објавување на податоците.

Контролата ја спроведува АЕК која ги мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, а оваа активност произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција од А1 Македонија: 50% попуст на дополнителни ТВ пакети

Редакција

(Видео) Индија испиша историја, нивното летало „Чандрајан – 3“ успешно слета на Месечината

Редакција

Новата бесплатна апликација „Ај на кафе“

Редакција