еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Абрамович и украински преговарачи биле отруени за време на руско-украинските преговори?

Рускиот олигарх Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаа симптоми што укажуваат на можно труење по состанокот во Киев претходно овој месец, јави Волстрит журнал, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

По состанокот во украинскиот главен град, Абрамович, кој патуваше до Москва, Лавов и другите места за преговори, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, развија симптоми кои вклучуваат црвени очи, постојано и болно солзење и лупење кожа на лицата и рацете, изјавија лица кои се запознати со настаните.

Тие за осомничениот напад ги обвинија тврдокорните во Москва за кои рекоа дека сакале да ги саботираат разговорите за ставање крај на војната. Лице блиско до Абрамович рече дека не е јасно кој ја таргетирал групата, посочува весникот.

Абрамович и украинските преговарачи, меѓу кои е и пратеникот Рустем Умеров, оттогаш се подобро и нивните животи не се во опасност.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се состана со Абрамович, не бил погоден, велат тие. Портпаролот на Зеленски рече дека нема информации за сомнително труење.

Западните експерти кои го разгледаа инцидентот велат дека е тешко да се утврди дали симптомите се предизвикани од хемиски или биолошки агенс или од некаков напад со електромагнетно зрачење, велат луѓето запознаени со ова прашање, пишува Волстрит журнал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата рунда преговори Украина-Русија, поради логистички проблеми одложена за утре

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје

Редакција

Почина 51-годишен пациент од корона вирусот кој од 9 април бил во тешка состојба

Редакција

Општина Чаир склучи договор со донаторот на ДУИ, “Еуровиа“, вреден 890,6 илјади евра

Редакција