еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Адора урива рекорди на пазарот на недвижности во Србија: По цена од 4.800 евра за метар квадратен, го продаде најскапиот стан на Златибор

Во угледниот Блиц и во повеќе српски медиуми денес одекна веста дека најголемиот македонски градежен бренд Adora Business Group по цена од 4.800 евра за метар квадратен, го продаде најскапиот стан во Златибор, на најубавата планина во Србија, во рамките на својот прв проект 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, информираат од компанијата.

Српските медиуми објавија детали за апартманот кој ги урна рекордите со убедливо највисоката продажна цена на недвижност на Златибор и на пазарот на недвижности во Србија.

Станува збор за penthouse на врвот од пионерскиот иновативен проект на Адора 21st Century Zlatibor, со комфорна тераса од 100 метри квадратни, декинг подна облога, поглед кон златиборските убавини и неверојатни содржини како џакузи, хидромасажна када за 8 особи, што може да се користи и при снежни услови и опрема за уживање.

Додека апартманот е комплетно опремен „од А до Ш“ со природен камин, најмодерна техника, луксузна декорација, перфектно дизајниран мебел, а во цената се вклучени прибор за јадење, постелнина и пешкири.

Всушност се работи за „инвестициски апартмани“ во рамките на хотелско-резиденцијалниот комплекс 21st Century Zlatibor by Adora, кои сопствениците ќе ги користат кога и колку ќе посакаат, додека Адора преку нејзиниот професионален „Hospitality менаџмент“, кој ќе се грижи за одржување и изнајмување на апартманите, ќе им овозможи и до 8% годишен поврат на вложените средства.

„Адора во реализацијата на овој наш пионерски проект на Златибор, го вложи целото свое 20 годишно иксуство и постојан афинитет кон континуирани и прогресивни иновации во градежништвото.

Ни причинува огромна чест и задоволство што на српскиот пазар на недвижности, кој моментално е еден од најконкурентните во Европа, покажавме дека умееме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите.

Голема е нашата благодарност кон српскиот народ, што со топло срце и на најпријателски начин не прифати како странски инвеститори и пред сè како луѓе“, порача Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата и директор на Adora Living Solutions, фирмата ќерка, инвеститор во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Базен, спа, хотел, пентхаус, апартмани: Како ќе изгледа комплексот на Адора на Златибор

ЕКСКЛУЗИВНО: Адора инженеринг скриено најавува голем проект на Златибор

Фото: Фејсбук/Адора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шум на срце кај децата: Има ли причина за загриженост?

Редакција

Починаа уште 14 пациенти од Ковид-19

Редакција

Нова лидерска средба кога СДСМ ќе соопшти кој предлог го прифаќа од двата понудени, вели Мицкоски

Редакција