еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нова лидерска средба кога СДСМ ќе соопшти кој предлог го прифаќа од двата понудени, вели Мицкоски

Нова лидерска или тимска средба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе иницира истиот ден кога од СДСМ и нивниот лидер Димитар Ковачевски ќе слушне дека избрале еден од двата предлога што им се понудени од опозициската партија – уставни измени со одложено дејство или предвремени парламентарни избори по кои поразениот ќе го поддржува концептот за национално единство и од европските институции да се обезбеди гаранција за македонскиот идентитет.

-Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам. Но, нека изберат кој од тие два предлога – дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори наесен па гаранции, рече Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.

Според него, логично е да се зборува за избори затоа што на секое поле, како што рече, „гледаме неспособност и политика што пропаѓа и власт што не може да испорача“.

Откако ДУИ предложи да се спроведе истрага и ветинг на сите политички партии, како што соопшти портпаролот на таа партија Бујар Османи, Мицкоски кажа дека предлага ветинг на сите политичари и дека самиот прв се пријавува.

-Прв се пријавувам за ветинг на мене, моето семејство и на моите блиски. Да видиме како од голтари стануваат милионери по политичката кариера, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 300 случаи на Ковид-19 од 2.493 тестови, 59 се реинфекции

Редакција

Кој му даде поддршка на Мицкоски, а кој на Груевски

Редакција

Штипската болница очекува технички прием на модуларниот ковид центар

Редакција