еМагазин
Image default
Македонија

Штипската болница очекува технички прием на модуларниот ковид центар

Штипската Клиничка болница очекува деновиве да се изврши техничкото примопредавање од компанијата, која ја постави модуларната болница.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека во оваа болница ќе има комплетно нов мебел и 47 болнички кревети.

-Во текот на утрешниот ден или задутре ќе ја распишиме и јавната набавка за поставување на станица за централен довод за кислород за модуларната болница.

Сметам дека ова нема да попречи и ќе се одвива се во најдобар ред. За овој проект, којшто е наша обврска планирани се околу 2.700.000 денари, вели Ѓеорѓијев.

Оптимист е дека до крајот на месецов ќе биде комплетно завршена модуларната болница, а Инфективното одделение ќе се пресели во овој објект, со што ќе почне и реконструкцијата на зградата, со европски пари и од сопствен буџет ќе постават и централен довод за кислород.

Во штипскиот Ковид центар состојбата со болнички третирани пациенти е стабилна и во моментов имаат слободни болнички кревети.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Најмалку што ЕУ ни должи е да биде јасна кон нас

Редакција

Кризната состојба продолжена до крајот на годинава

Редакција

Активни пожари на повеќе места, интервенираат пожарникарите и припадници на Армијата

Редакција