еМагазин
Македонија

Џафери: Ниту еден народ не би прифатил преговори за тоа што го бара Бугарија

Ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери за дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21, додавајќи дека спорните точки со Софија се околу идентитетот и историјата.

– Бугарија и Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство. Со овој договор и двете страни преземаа конкретни обврски. Веднаш потоа од Бугарија беа поставени нови услови, истакна Џафери.

Првиот човек на Собранието вели дека Северна Македонија има направено прогрес, исполнувајќи ги условите за преговори со ЕУ. Верува дека, сепак, може да се најде решение, и земјата да го продолжи патот кон ЕУ.

– Решение може да има доколку се надминат спорните точки во историјата, треба да гледаме напред и заедно да ги исполниме и реализираме задачите кои од нас ги бара ЕУ, заклучи Џафери.

МИА/Фото: Џафери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет членови на претседателството од „огнените“ го напуштија ДУИ, партијата жали за нивната одлука

Редакција

Како работеле пратениците изминатите шест месеци

Редакција

233 лица од 1.382 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Редакција