еМагазин
Image default
Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство повикува на совесно и безбедно празнување на Курбан Бајрам

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) им го честита празникот Курбан Бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповест и повикува на совесно и безбедно празнување.

Најавува дека во наредниве денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување на нелегално колење животни на јавни површни, со цел обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници.

„Во рамки на вонредните засилени контроли кои пред празникот Курбан Бајрам ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи, општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, изречени се 19 казнени мерки од спроведени деведесет контроли.

Најголемиот број неусогласености се утврдени во Тетово и Гостивар и се однесуваат на непоседување на сертификат за здравствена состојба на животните, или за продажба на животни кои не се идентификувани,“ се вели во соопштението на АХВ.

Со спроведените контроли во Скопскиот регион и во другите општини, не се утврдени неусогласености.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поставени посебни контејнери за одлагање на органскиот отпад за време на празникот Курбан Бајрам

Фото: Photo by Sam Carter on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарот во Кочани локализиран, денеска се очекува помош од Србија и Бугарија

Редакција

Материјалната штета во Собранието ќе биде платена, но штетата од процесот е неповратна, вели Крмов за кршењето

Редакција

Обвинителство: Дел од обвинетите за настаните од 27. април, организирани и со фантомки влегле во Собранието

Редакција