еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети сведочел пред хашките истражители како основач на ОВК, тврди Груби

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил повикан од Специјалното обвинителство за Косово во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година. Првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека испрашувањето на Ахмети од хашките истражители е поврзано со активности на Косово, а не и во Македонија.

-Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет – во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година.

Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашања за какви било други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово, изјави Груби за ТВ „Сител“.

Ахмети на 2 и 3 септември беше на распит пред истражителите на Меѓународниот суд за Косово со седиште во Хаг. По дводневното испрашување во канцелариите на ЕУЛЕКС во Приштина, Ахмети изјави дека бил интервјуиран во својство на сведок, но дека не може да даде информација до завршување на процесите пред меѓународниот трибунал.

– До завршувањето на овој процес не можам да споделам никаква информација со јавноста, затоа што така е предвидено со закон. Кога ќе добие епилог процесот, тогаш ќе можеме да говориме, тогаш тоа ни го дозволува и законот, изјави кратко лидерот на ДУИ.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, порача на Денот на победата над фашизмот, претседателот на Сојузот на борците

Редакција

Убава вест: Оздравени 403 болни од Ковид-19

Редакција

Казни за 670 лица за неносење маска

Редакција