еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

АХВ: Се повлекуваат сладоледи на “Кит Кет“ и “Милка“ заради зголемено присуство на етилен оксид

Операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информира АХВ.

Од пазарот, како што прецизираат, се повлекуваат и отповикуваат сладолед Кит Кет стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција.

-Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид, кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето, велат од АХВ.

Заради истата причина се повлекува и сладолед Милка ванила и чоколадо стапче 20х100 мл со сериски број/лот:MI1118, MI1119 и рок на употреба до 30.04.2023, по потекло од Полска, како и сладолед Милка чоколадно стапче со лешник 20х100 мл со сериски број/лот:MI1117 и рок на употреба до 30.04.2023, со потекло исто така од Полска, чиј увозник е АЛМА М.

-Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ се затекнати во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет.

Апелираме крајните потрошувачи, кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат, порачуваат од АХВ.

Фото: Photo by Tim Stief on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намален бројот на странски туристи

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Гоце Делчев“ за набавка на струја вреден 121.000 евра

Редакција

За една недела дури 80 лица во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција