Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата.
Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2021 година се движеше од 13.300 денари до 18.350 денари, или просечно 15.272,83 денари за една акција, што претставува раст од 26,5% во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година, информираат од компанијата.
На 30.9.2021 година акциите на „Алкалоид“ беа во сопственост на 5.114 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 24,5 милијарди денари, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид за 9 месеци инвестирал 850,6 милиони денари и вработил 178 нови работници
Алкалоид со раст на добивката, извозот и продажбата