Американскиот актер Алек Болдвин ќе биде обвинет за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс, кое се случи на снимањето на филмот “Rust“ во октомври 2021 година, пренесуваат американските медиуми.
Убиството се случи додека Болдвин пробуваше сцена во Ново Мексико кога истрела еден куршум од пиштол-реквизит.
Обвинета ќе биде и оружарката за филмот, Хана Гутиерес Рид.
Во пукањето беше ранет и режисерот Џоел Соуза, но за тоа нема да биде покренато обвинение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот
Фото: Jum Weber/New Mexican
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.