еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Алек Болдвин се огласи по несреќата на снимањето на „Rust“: „Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага“

Актерот Алек Болдвин се огласи по несреќата откако на сет за филмот „Rust“ случајно ја застрела директорката на фотографија, Халина Хачинс, која им подлегна на повредите, а во несреќата ранет беше и режисерот Џоел Соуза.

„Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага во врска со трагичната несреќа која ѝ го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и наша колешка на која ѝ се восхитуваме.

Во целост соработувам во полициската истрага за утврдување на тоа како се случи оваа трагедија и сум во контакт со нејзиниот сопруг, нудејќи му ја мојата поддршка на него и на неговото семејство.

Срцето ми е скршено за нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина“, напиша Болдвин на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот

Фото: Jum Weber/New Mexican

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Марјана Станојковска го покажа прекрасното тело играјќи си „криенка“ со фановите

Редакција

Сашка Цветковска: Новинарите ги изневерија граѓаните

Петре Димитров

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Редакција