Денеска ќе се одржи итен состанок на лидерите на НАТО по експлозијата што се случи во полското село Пжеводов, на полско-украинската граница, во која загинаа две лица.
Се уште нема официјална потврда од Алијансата дека се работи за руска ракета, иако одредени извори наведуваат токму такво сценарио.
Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека проектилот што падна во Полска е руски.
Европски дипломати изјавиле дека НАТО во овој случај ќе постапи крајно претпазливо и оти е потребно време за целосно да се утврди овој инцидент.
Во членот 4 од НАТО се вели дека една од членките може да го активира доколку почувствува дека нејзиниот територијален интегритет, независност и безбедност се загрозени од друга земја или терористичка организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руско Министерство за одбрана: Полска намерно провоцира, ова нема врска со руско оружје
(Видео+Фото) Проектил падна во Полска, медиуми тврдат дека е руски, две лица загинаа
МИА/Фото: НАТО