Алијансата за Албанците го номинираше Ремзи Мехмеди за претставник во работната група за измени на Уставот, информираа од партијата за МИА.
Претходно, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на прес-конференција соопшти дека партијата ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот.
Рокот за номинирање претставници во работната група за измени на Уставот што Министерството за правда им го даде на институциите и политичките партии истекува денеска.
Освен парламентарните политички партии во работната група при Министерството за правда претставници треба да номинираат и од Кабинетот на претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања и експерти од областа на уставно право.
И додека во јавноста викендов се лицитираше со можните имињата на членовите, дел од политичките партии на дописот од Министерството за правда одговорија негативно. ВМРО-ДПМНЕ, Алтенатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот
МИА/Фото: Фејсбук/Мехмеди