еМагазин
Image default
Бизнис

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 10% споредно со 2020

На престојното Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје на дневен ред е и предлог-одлуката за делење дивиденда за 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

Според предлог-одлуката за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка на Друштвото за 2021 година предвидениот дел за дивиденда и данок на личен доход е 629.795.320, а за инвестиции 651.610.383 денари.

„Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2021 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2021 година во висина од 396 денари нето, односно 440 денари бруто, за една акција.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2021 година е 19.04.2022 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2021 година е 20.04.2022 година. Датум на стекнување на право на дивиденда за 2021 година е 21.04.2022 година“, информираат од компанијата.

Споредено со 2020 година, кога бруто-дивидендата изнесуваше 400 денари, односно 360 денари нето, висината на дивидендата за минатата година е повисока за 10%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се очекувањата на Алкалоид за 2022 година

Алкалоид лани со 214 нови вработувања и инвестиции од 1,1 милјарда денари

Алкалоид лани со раст на приходите за 4% и на добивката за 12%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малцински акционери ја тужат Охридска банка

Редакција

ТВ Нова ќе остане без дозвола

Редакција

Актуелните правила за патување во Грција продолжени за уште две седмици

Редакција